Новак Ѓоковиќ одлично се забавуваше на својот прв ден во Торино. Светскиот рекет број еден в недела треба да го започне АТП финалето, што е последен поединечен турнир за 2023 година. Србинот во четвртокот пристигна во Торино со целиот тим и веднаш одработи тренинг. Покрај Горан Иванишевиќ, со него беа и Карлос Гомеш-Херара, Миљан Амановиќ, Марко Паники и Клаудио Цимаља.
Според видеата кои се појавија на социјалните мрежи, Ѓоковиќ не само што напорно работел, туку и добро се забавувал. Покажа и некои „балетски вештини“, играше малку фудбал на загревањето, додека тренерот за физичка подготвеност Клаудио Чимаља му помогна да ги истегне колковите.
. @DjokerNole showed his ballet dance moves in Torino 🤣
Also,check the rest of the video to see the special “feet-shake” between Novak & Marco Panichi and how Claudio Zimaglia fixes his hip 😂😂
Video by florentinastelista IG#novakdjokovic #djokovic #NittoATPFinals pic.twitter.com/y6gk69tD5W
— NovakDjokovicFanClub (@NovakFanClub) November 9, 2023
Прв противник на Ѓоковиќ во „Зелената група“ ќе му биде Холгер Руне.