Шпанскиот тенисер Рафаел Надал претрпе пораз во првиот сингл меч од четвртфиналето во Дејвис купот против Холандија.
Подобар од Надал беше Ботик ван де Зандшулп во сва сета со по 6:4, а мечот траеше еден час и 51 минута. Надал најави дека настапот во Малага ќе му биде последен во кариерата, па така не е исклучено ова да е негов последен настап во сингл конкуренција.
Следни на теренот ќе излезат Карлос Алкараз и Таион Грикспор, а потоа следи мечот во двојки за шпанскиот ас.
Изгледаше Рафа прилично сигурно во текот на првиот сет и одлично го служеше пред се сервисот, но така беше се до деветтиот гем. Тука застана, па Холанѓанецот ја искористи ситуацијата и ја освои вториата брејк топка.
What a point from @RafaelNadal and @Boticvdz 🤯
That crowd reaction too 🔥#DavisCup pic.twitter.com/AiTJStT2YC
— Davis Cup (@DavisCup) November 19, 2024
Со истиот резултат заврши и вториот сет со тоа што Рафа сетот го изгуби во првиот гем, подоцна го врати, па повторно го изгуби во петтиот гем и тоа беше доволно за конечна победа на холандскиот ас.
Прилично емотивен Надал беше пред почетокот на средбата при интонирањето на шпанската химна кога и се расплака.
Nadal was moved to tears while listening to the Spanish anthem ❤️💛 pic.twitter.com/QXTIoKZpzn
— Bastien Fachan (@BastienFachan) November 19, 2024