Останати спортови

ВИДЕО: Линдзи Вон со ШОК одлука за ЗОИ, ова никој не го очекуваше по тешката повреда

ВИДЕО: Линдзи Вон со ШОК одлука за ЗОИ, ова никој не го очекуваше по тешката повреда

Линдзи Вон (41) претрпе сериозна повреда само пред неколку дена. Таа беше префрлена со хеликоптер во болница во Швајцарија и сите очекуваа таа да се повлече од Зимските олимписки игри во Кортина (6-22 февруари).

Наместо тоа, таа го шокираше целиот свет. Се појави и рече дека ќе биде дел од сè и покрај сè што ѝ се случи.

-Минатиот петок се повредив и ги скинав предните вкрстени лигаменти. Има и модринка на коските, што е нормално за ваков вид повреда, заедно со некои оштетувања на менискусот, не знаеме дали веќе постоеле или едноставно се случиле, започна Линдзи на прес-конференцијата.

Потоа таа кажа нешто што ги остави сите без зборови….

-Работиме на терапија, се консултирам со лекари, работам во теретана. Денес скијав. Коленото ми се чувствува стабилно, се чувствувам силно, нема оток на коленото. Со помош на потпората за колено, уверена сум дека можам да се натпреварувам во недела, рече Линдзи Вон.

Американската скијачка ќе го прослави својот 42-ри роденден во октомври и нема намера да се откаже. Таа има едно злато од Олимписките игри, го направи тоа во Ванкувер во 2010 година, а сега ќе се обиде да го нападне најсјајниот медал и во Италија.

To top