Канаѓанката Алиша Њуман го одбележа финалето на маратонот во скок со стап во женска конкуренција на Олимписките игри во Париз.
DIFFERENT ANGLE:
Alysha Newman twerking at the Olympics in Paris today after the Canadian jumps 4.85 m pic.twitter.com/3XpTBYitgi
— Dutch_Investor (@cryptostonk2) August 8, 2024
Русокосата убавица (30) го освои бронзениот медал со неверојатен скок од 4,85 метри, кој го прослави на неверојатен начин. Откако слета на душекот, таа се стрча кон публиката, а потоа застана и го затресе задникот, потсетувајќи се на најдоброто „тверкање“ од социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Њуман се здоби со популарност и на платформата „Onlyfans“, каде веќе три години продава разголени фотографии и експлицитни содржини. Во една прилика таа објасни зошто се одлучила на овој чекор.
– Кога ако не сега? Ако не ги поместуваме границите и не ги рушиме бариерите, тоа нема да ни донесе ништо добро во создавањето на сопствената личност. Целиот мој живот како спортист ги пробивав тие граници, сега добив можност да ја покажам и другата страна, како жена – изјави Њуман.
View this post on Instagram
Алиша Њуман го отвори својот профил на платформата „Onlyfans“ пред Олимписките игри во Токио во 2021 година, кога стекна голема популарност.
Златниот медал во скок со стап во женска конкуренција на Олимписките игри во Париз го освои Австралијката Нина Кенеди со скок од 4,90 метри, додека среброто и припадна на Американката Кејти Мун со 4,85 метри, но со обиди помалку од Алиша Њуман која скокна на иста висина.