Новак Ѓоковиќ е познат по своите интеракции со публиката каде и да игра. Најчесто Србинот добива свирежи и навреди од навивачите меѓу кои не е омилен, меѓутоа тој секогаш знае како да им одговори.
Слично беше и на мечот со Тејлор Фриц во четвртфиналето на Австралија Опен во Мелбурн. Ѓоковиќ сервираше, Американецот врати, а потоа српскиот ас ефектно му одзеде поен со низок волеј.
Taking "serve and volley" to the extreme… Only, @djokernole!#AusOpen • @wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis pic.twitter.com/p9HkMqGuOm
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 23, 2024
Овој поен на Ѓоковиќ беше проследен со овации, меѓутоа тој кон публиката гестикулираше: „Молчете“.