Останати спортови Формула 1

Верстапен: Ред Бул не може да задржи никого со сила

Ова е во секој спорт. И некои луѓе од нашиот тим добија многу сериозни понуди од други тимови, изјави Верстапен.

Верстапен: Ред Бул не може да задржи никого со сила

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен потврди дека Ред Бул биле свесни дека не можат да ги задржат сите клучни фигури во тимот, а значителен број од нив го напуштија тимот во оваа сезона.

Дизајнерот Адријан Њуи објави дека заминува во мај и веќе потпишал со Астон Мартин, спортскиот директор Џонатан Витли оди во Ауди, а шефот за стратегија Вил Кортни во Мекларен. Овие заминувања ја одбележаа тешката година за Ред Бул, во која тимот беше потресен од секс скандалот со Кристијан Хорнер и последователната борба за моќ во тимот, а на патеката Ред Бул ја загуби својата супериорност.

-Отсекогаш сум велел дека сакам сите да останат во тимот, но на крајот на денот не можете да ги запрете луѓето. Ако ги принудите да останат кога се фрустрирани или не сакаат да останат, едноставно нема да има смисла. Ред Бул не може да задржи никого на сила. Но, ова секогаш се случува со успешни тимови, други почнуваат да крадат луѓе од нив. Ова е во секој спорт. И некои луѓе од нашиот тим добија многу сериозни понуди од други тимови, изјави Верстапен.

To top