Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, призна дека во моментов ривалите од Мекларен и Мерцедес се често побрзи од неговиот тим Ред Бул.
Холанѓанецот смета дека за да го задржи водството во шампионатот, треба да се обиде да го извлече максимумот од секое следно Гран при.
– Конкурентите нè надминаа – понекогаш Мекларен е побрз, понекогаш Мерцедес. Секако, не сме среќни поради ова, а тимот работи до крај за да го подобри нашиот болид. Не го сменив мојот пристап. Се разбира, целта е секогаш да се победи во трката. Но, ако е невозможно да се победи, тогаш само треба да се обидете да завршите што е можно повисоко. На последните трки успеавме да го направиме ова, но исто така е јасно дека треба да се подобриме. На пример, на Големата награда на Белгија направивме се како што треба, мило ми е поради тоа. Го сменивме и моторот, така што претстојниот викенд во Зандворт треба да помине без проблеми, рече Верстапен.
Во поредокот за возачи, Верстапен е лидер со 277 бода, пред Ландо Норис од Меклаерн со 199, трет е Шарл Леклер со 177.