Останати спортови

Успешен настап за Јован Стојоски на атлетскиот Мундијал во полскиот Торун

Успешен настап за Јован Стојоски на атлетскиот Мундијал во полскиот Торун

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го комплетираше својот настап на Светското атлетско првенство во сала, кое се одржува во Торун, Полска.

Стојоски настапи во квалификациите на 400 метри и се појави во шестата група, каде имаше многу силна конкуренција. Нашиот атлетичар истрча време од 47,93 секунди, што за него е најдобар резултат оваа сезона.

Во конечниот пласман, Стојоски беше рангиран на 24. позиција.

Тој беше единствениот претставник од Македонија на овој атлетски Мундијал.

To top