Овој викенд се одиграа три финалиња на тениските турнири во машка и женска категорија. Во Алмати, Казахстан трофејот замина во рацете на рускиот тенисер Карен Хачанов кој со 2-1 (6-2, 5-7, 6-3) го совлада канадскиот тенисер Диало.
Во Антверпен, Белгија трофејот го освои Шпанецот Роберто Баутиста-Агут кој во финалето го совлада Чехот Лехечка со 2-0 (7-5 и 6-1).
Во Стокхолм, Шведска трофеј за американскиот тенисер Томи Пол кој во финалето со 2-0 (6-4, 6-3) беше подобар од Григор Димитров. Пол, кој 13-ти тенисер на светот, по еден час и 25 минути славеше над Бугаринот и го освои вториот трофеј во Стокхолм по 2021 година.
Во финалето во Нингбо, Кина руски дуел во финалето. Дарија Касаткина се закити со трофејот по победата над Мира Андреева со 2-1 (6-0, 4-6, 6-4).