Останати спортови Teшка несреќа во Полска

Тркачки автомобил влета во луѓе, многумина се повредени

Тркачки автомобил влета во луѓе, многумина се повредени

Повеќе лица се повредени откако автомобил влета во толпата гледачи за време на трка во Полска.

Возачот (27) веднаш по стартот на трката изгубил контрола над возилото, јави ТВН24 повикувајќи се на полицијата.

Трката се одржа како дел од автомобилскиот настан на аеродромот Кросно во регионот Карпатскo подножје во југоисточна Полска.Според полицијата, повредени се најмалку 14 лица, од кои четворица потешко.

Новинската агенција ПАП јавува дека во тек е голема акција на пожарникарите и спасувачките служби, а на местото на несреќата е распореден и спасувачки хеликоптер.

To top