Карлос Моја, тренерот на Рафаел Надал, не можеше да потврди дека Шпанецот ќе игра на Олимпијадата во Париз откако го откажа денешниот тренинг.
Надал во понеделникот пристигна во Париз и веднаш тренираше, а во средата тоа го направи со Карлос Алкараз со кој на ОИ ќе настапи во двојки носејќи завој околу десната надколеница.
Во четвртокот по ждрепката, кога дозна дека евентуален ривал во второто коло ќе му биде Новак Ѓоковиќ, требаше да тренира против Саша Зверев но недолго потоа го откажа тренингот. Очигледно тој има проблем со тетивата.
„Не можам да ви кажам дека Надал ќе игра. Денеска беше одлучено да се одмори и да му се даде време за одмор по проблемите кои се случија вчера. Ќе видиме дали ќе биде подготвен утре. Најодговорна работа во моментов, со оглед на големината на настанот што е пред нас е да не го форсираме“, рече Моја.
Да потсетиме, ова се четврти Игри за Надал, каде што го ќе се обиде да го освои третиот златен медал, првиот го освои во 2008 година во сингл, а вториот во 2016 година во двојки со Марк Лопез.