Врвните спортисти заработуваат неверојатни суми, а интересна е листата на стоте најплатнеи за 2023 година. Спортистите кои се најдоа на неа заедно заработиле 5,4 милијарди долари, од кои 4,2 милијарди на основа на плати и бонуси, додека 1,2 милијарди доаѓаат од богатите спонзорски договори.
На врвот на листата е еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо. Португалецот минатата година инкасирал вртоглави 275 милиони долари (215 од Ал-Наср и дури 60 од спонзорски договори). На второто место е шпанскиот голф играч Џон Рам. Тој добил вкупно 203 милиони, 181 од турнири и уште 22 од спонзорите. Третото место е резервирано за аргентинскиот ас Лионел Меси (130 милиони долари). Интересна е ситуацијата кај Леброн Џејмс кој инкасирал 125,7 милиони долари, а две третини се од спонзорски договори (80 милиони). Во топ десет следат уште Килиан Мбапе, Нејмар, Стеф Кари, Јанис Адетокумбо и Патрик Махомс.
Загрижувачки факт е тоа дека во „топ сто“ нема ниту една дама. Најплатена спортистка за минатата година е Коко Гоф која доби околу 22,7 милиони долари, ама тоа е за десетина помалку од последниот на листата.
- Листата на стоте најплатени спортисти:
- Кристијано Роналдо (фудбал) – 275 милиони долари
- Џон Рам (голф) – 203
- Лионел Меси (фудбал) – 130
- Леброн Џејмс (кошарка) – 125,7
- Килиан Мбапе (фудбал) – 125
- Нејмар (фудбал) – 121
- Стеф Кари (кошарка) – 98,9
- Јанис Адетокумбо (кошарка) – 88,4
- Кевин Дурант (кошарка) – 86,6
- Патрик Махомс (американски фудбал) – 84,3
- Ламар Џексон (американски фудбал) – 82,5
- Карим Бензема (фудбал) – 78
- Рори Мекерој (голф) – 77,4
- Тајгер Вудс (голф) – 77,2
- Макс Верстапен (Формула 1) – 75
- Шохеј Охтани (бејзбол) – 70
- Канело Алварез (бокс) – 66
- Ерлинг Халанд (фудбал) – 63
- Луис Хамилтон (Формула 1) – 62
- Макс Шерцер (бејзбол) – 60,8
- Дамијан Лилард (кошарка) – 60,3
- Клеј Томпсон (кошарка) – 60,1
- Мохамед Салах (фудбал) – 56
- Ентони Џошуа (бокс) – 55
- Расел Вестбрук (кошарка) – 54
- Ник Боса (американски фудбал) – 53,6
- Виктор Ховланд (голф) – 52,3
- Скоти Шефлер (голф) – 52,3
- Џејмс Харден (кошарка) – 51,6
- Џо Буру (американски фудбал) – 51,5
- Пол Џорџ (кошарка) – 51,1
- Бредли Бил (кошарка) – 50,5
- Кавај Ленард (кошарка) – 50,1
- Лука Дончиќ (кошарка) – 49,7
- Џими Батлер (кошарка) – 47,9
- Даниел Џоунс (американски фудбал) – 47,5
- Џејк Пол (бокс) – 47
- Џоел Ембид (кошарка) – 46,8
- Брукс Кепка (голф) – 46,7
- Дешон Вотсон (американски фудбал) – 46,5
- Девон Букер (кошарка) – 46,3
- Арон Роџерс (американски фудбал) – 45,9
- Никола Јокиќ (кошарка) – 45,7
- Ентони Дејвис (кошарка) – 45,5
- Дак Прескот (американски фудбал) – 45
- Новак Ѓоковиќ (тенис) – 44,9
- Треј Јанг (кошарка) – 44,7
- Џастин Верландер (бејзбол) – 44,5
- Ерон Џаџ (бејзбол) – 44
- Зек Лавин (кошарка) – 43,7
- Камерон Смит (голф) – 43,3
- Кајри Ирвинг (кошарка) – 43,2
- Џордан Спит (голф) – 42,9
- Џервонта Дејвис (бокс) – 42,5
- Кајлер Мареј (американски фудбал) – 42,5
- Карлос Алкараз (тенис) – 42,2
- Џамал Мареј (кошарка) – 41
- Рајан Гарсија (книги) – 40,5
- Мајк Траут (бејзбол) – 40,5
- Донован Мичел (кошарка) – 40,4
- Руди Гобер (кошарка) – 40,2
- Тејлор Гуч (голф) – 40,2
- Џејсон Тејтум (кошарка) – 40,1
- Тајсон Фјури (бокс) – 40
- Рашан Гери (американски фудбал) – 39,9
- Тобајас Харис (кошарка) – 39,3
- Крис Пол (кошарка) – 38,5
- Бен Симонс (кошарка) – 38,4
- Ентони Рендон (бејзбол) – 38,3
- Паскал Сиакам (кошарка) – 38
- Расел Вилсон (американски фудбал) – 38
- Садио Мане (фудбал) – 38
- Си Џеј Меколум (кошарка) – 37,9
- Џру Холидеј (кошарка) – 37,8
- Зајон Вилијамсон (кошарка) – 37,6
- Герит Кол (бејзбол) – 37,5
- Кори Сејгер (бејзбол) – 37,5
- Карл-Ентони Таунс (кошарка) – 37,2
- Карлос Кореја (бејзбол) – 37
- Џош Ален (американски фудбал) – 37
- Криштапс Порзингис (кошарка) – 36,7
- Брендон Инграм (кошарка) – 36,1
- Ријад Марез (фудбал) – 36
- Роберт Левандовски (фудбал) – 36
- Крист Линдстром (американски фудбал) – 35,8
- Дастин Џонсон (голф) – 35,7
- Крис Мидлтон (кошарка) – 35,3
- Кевин де Брујне (фудбал) – 35
- Мајкл Портер Џуниор (кошарка) – 33,9
- Орландо Браун Џуниор (американски фудбал) – 33,8
- Гордон Хејворд (кошарка) – 33,7
- Стивен Стрезбур (бејзбол) – 33,6
- Шеј Гилџус-Александер (кошара) – 33,5
- Брајс Харпер (бејзбол) – 33,2
- Кирк Казинс (американски фудбал) – 33
- Дирон Фокс (кошарка) – 32,9
- Мигел Кабрера (бејзбол) – 32,8
- Бем Адебајо (кошарка) – 32,7
- Џанкарло Стентон (бејзбол) – 32,6
- Дерек Кар (американски фудбал) – 32,5