Тренерот и чичко на Рафаел Надал уште еднаш посочи дека Новак е најдобар во историјата на овој спорт според бројот на освоени титули, меѓутоа додава дека неговиот внук ќе го имал тој статус ако немаше толку лоша среќа со повредите.
– Ѓоковиќ е најдобар. Ѓоковиќ освои повеќе титули и тоа е тоа. Кој ќе беше најдобар без повреди? Мојот внук. Но, тој имаше повреди и на крајот најдобар е Ѓоковиќ.Сепак, по мое мислење, тоа што го одигра Федерер, го нема одиграно никој во тенисот. Никој во тенисот не го правеше тоа што го правеше Федерер. Кога тој игра тенис на највисоко ниво, никој не може да му се доближи, – истакна Тони Надал.