Македонија има нова олимписка надеж по освоениот сребрен медал на таеквондистот Теодор Стојановски кој денеска во Тирана направи голема сензација на официјалното кадетско европско првенство во олимписко таеквондо.
Теодор имаше три доминантни победи над репрезентатаивците Хараламбос Хаџимаврос од Кипар со 2-0, Јарослав Вечирко од Украина со 2-0 и Шон Џита од Велика Британија со 2-0 во полуфиналето.
Во финалето претрпе пораз од Нора Бранж од Франција со 2-0.