Тејлор Фриц стана првиот американски тенисер по 15 години пауза кој се пласирал во гренд слем финале откако по голема борба го победи својот сонародник и добар пријател Френсис Тијафоу со 3-2 по сетови 4:6, 7:5, 4:6, 6:4, 6:1.
Американскиот машки тенис чека гренд слем титула од 2003, кога Енди Родик триумфираше на Ју-Ес опен.
Тој исто така е последниот Американец кој играше гренд слем финале, што се случи на Вимблдон во 2009.
Фриц, кој настапува како 12. носител, досега немаше поминато четвртфинале на гренд слем турнирите.