Фалкон доживеа несреќа во завршните километри на етапата од Ал Хенакијах до Ал Дувадими, на 8 јануари.
На каталонскиот мотоциклист веднаш му беше пружена помош и итно се хеликоптер беше пренесен во болница во Ал Дувадими на натамошно лекување.
– Овој понеделник, 15 јануари, Карлес нè напушти. Лекарскиот тим потврди дека невролошкото оштетување предизвикано од кардиореспираторен застој во време на несреќата е неповратно, соопшти неговиот тим.
Карлес беше ведра личност, секогаш активен, кој страсно уживаше во сè што работеше, особено мотоциклите. Не напушти работејќи го тоа што беше негов сон, тркајќи се во Дакар, се додава во објавата на Твин Трејл Рејсинг.