На иницијатива на Тајсон комисијата ја промени борбата од демонстративна борба во професионална борба. Така, резултатот ќе биде внесен во статистиките на двајцата и на тој начин ќе му се заспише на Мајк уште една победа или пораз.
Рундите во бокс траат 3 минути, но Тајсон сакаше оваа борба да биде по 2 минути. Борбата ќе се одржи за 2 месеци во Арлингтон, Тексас. Тајсон едвај чека и се закани дека ќе му го откорне срцето на јутјуберот.
„Добив порака од комисијата дека моите рунди со Пол ќе бидат две минути, а не три. Верувам дека така ќе биде подобро. Двеминутните рунди ќе донесат помалку тактики и повеќе акција. Ќе биде повозбудлива борба за навивачите. Ја сакав оваа промена за да можеме да видиме помалку заостанување и да доживееме поголемо шоу. Сакам да му го откорнам срцето на Џејк од неговото тело“, изјави Тајсон за американските медиуми,