Останати спортови изјава

Табило: Бев подготвен на тоа Ѓоковиќ да дојде за да ме убие!

Алехандро Табило вторпат во својата кариеара во исто толку мечеви го победи Новак Ѓоковиќ. Чилеанецот во два сета го доби мечот од второто коло на Мастерсот во Монте Карло и го елиминира големиот шампион. По победата Табиљо го анализира одиграното и кажа:

„Се обидов да го искористам претходниот меч. Разговарав со тренерот и констатиравме дека знаеме како треба да одиграм. Победив еднаш и сега немав притисок, поради тоа бев поопуштен.

Доста бев исплашен дека ќе бара одмазда за првиот меч. Знам колку е ментално цврст. Бев подготвен на тоа дека Ѓоковиќ ќе дојде за да ме убие! Започнав цврсто, се обидов да бидам агресивен и да го држам подалеку од основната линија. Тактиката почна да ми успева, направив да не се чувствува комфорно и тоа беше одлично во клучните моменти“.

Во третото коло Табило оди на мегдан со Григор Димитров, откако Бугарот го победи домашниот тенисер Вачерот (2-0).

To top