Македонскиот тенисер, Горазд Србљак, загуби во второто коло на ИТФ Фјучрс-турнирот кој се игра во Куршумлиска Бања и беше поразен од Италијанецот Федерико Бондиоли со убедливи 2-0, по сетови 6-1 и 6-2.
Мечот траеше еден час и 25 минути, а Бондиоли уште од самиот старт наметна силно темпо, на кое нашиот Србљак немаше соодветен одговор. Македонскиот тенисер и следната недела ќе настапи на нов турнир во Куршумлиска Бања.