Од Пинг понгарска федерација на Македонија информираа дека Бојана Јовевска и Јован Пармачки се двајцата претставници на Македонија на Европското првенство во Коста, Шведска.
Тимот го предводи Златко Рикалоски.
Првенството започна на 24 Септември и ќе трае до 28-ми со претставници од повеќе од 30 држави.
Ова е трето Европско првенство во оваа категорија, а последното се одржа во Романија 2024 година.
-Им посакуваме среќа на нашите претставници, потенцираат од Пинг понгарска федерација на Македонија.