Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува настап во квалификациите за Австралија опен.
Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против четвртата носителка 23.годишната тенисерка од Австрија Сиња Краус, која се наоѓа на 108.место на ВТА листата.
Мечот е планиран да се игра како последен на теренот број 12 што значи во попладневните часови во Мелбурн, а утрински по македонско време.
Ѓорческа неколку дена е во Мелбурн каде се прилагодуваше на временските услови, кои во одредени делови од денот достигнуваа и над 40 степени, што секако може да биде пречка за сите учесници на Австралија опен.
Македонската тенисерка по третпат учествува на квалификациите на Австралија опен, а најдобриот резултат го имаше во 2017 година кога стигна до третото квалификациско коло и беше на чекор од влез на главниот турнир.