Останати спортови

Синер и Швјонтек сигурни за пласман во четврфинале на УС Опен

Синер и Швјонтек сигурни за пласман во четврфинале на УС Опен

Првиот носител на УС Опен, Јаник Синер со 3-0 го победи Тими Пол и се пласира меѓу осумте најдобри на грен-слем турнирот. Во првите два сета се играше тајбрејк, првиот го доби Синер со 7-3, а во вториот со 7-5.

Американецот падна во третиот и освои само еден гем. Тој сет Синер го доби со 6-1 и ја завери победата. Во четвртфиналето Синер ќе игра против Медведев, додека останатите двојки се Дрејпер – Деминор, Фриц – Зверев и Димитров – Тиафо.

Ига Швјонтек на убедлив начин славеше против Русинката, Лудмила Самсонова со 2-0, по сетови 6-4 и 6-1. Во четвртфиналето Швјонтек за противник ќе ја има домашната тенисерка Џесика Пегула.

To top