Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на мастерсот во Мајами откако во финалето во два сета лесно го совлада Григор Димитров (6-3, 6-1).
Синер веќе извесно време игра во фантастична форма, но во финалето се очекуваше поголем отпор од Димитров кој на турнирот во Мајами се прикажа во одлично светло.
Но, Италијанецот немаше никаков проблем, првиот сет го доби со 6-3 со два освоени брејка, а во вториот беше уште поубедлив, го доби со 6-1 и го освои големиот пехар.