Останати спортови

Швојнтек без изгубен сет го освои Индијан Велс

Швојнтек без изгубен сет го освои Индијан Велс

Полската тенисерка Ига Швојнтек издоминира во финалето на Индијан Велс и со 2:0 во сетови славеше против Марија Сакари.

Во првиот сет Сакари успеа до некаде и да пружи отпор на расположената полска тенисерка која и дозволи да освои само четири гема. Ако во првиот сет имаше некакви шанси, во вториот тоа не беше случај.

Сакари не успеа да освои ниту еден гем, па така со 6:0 Швојнтек ја потврди победата и ја освои титулата.

Вечерва од 22:00 часот на програмата е и машкото финале во кое Карлос Алкараз ќе ги одмери силите со Русинот Медведев.

To top