Марко Шварц продолжува со одличната форма оваа сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Австриецот, специјалист за технички дисциплини, ја забележа првата победа во својата кариера во супер-џи. Тој славеше на трката во Ливињо, Италија.
Со стартниот број четири, Шварц стигна до целта за 1:10.33 и се покажа како недостижно за натпреварувачите кои оваа дисциплина им е омилена.
Од второто до четвртото место се пласираа скијачи од Швајцарија. Алексис Моне беше втор со 20 стотинки задоцнување, додека Фрањо фон Алмен беше трет со 25 стотинки зад победникот. Лидерот во генералниот пласман, Марко Одермат, го освои четвртото место со 29 стотинки заостанување зад Марко Шварц.