Таа беше најбрза со време 1:43,47 минути, второто место го зазеде нејзината сонародничка Јоана Хелен со 22 стотинки послабо време, додека трета беше Австријката Корнелија Хутер со 24 стотинки полош резултат од победничката.
Флери во февруари во Мерибел ја освои титулата светска шампионка во спуст, но ова е нејзина прва победа во оваа дисциплина во Светскиот куп.