Aвстриецот Штефан Крафт е победник на третата епизода од новогодишната турнеја Четири скокалници.
Крафт со два одлични скока на скокалницата во Инсбрук успеа да го преземе водството. Успеа австрискиот скокач да победи, иако неговите скокови не беа најдолги, но доби најмногу поени.
Во двата обиди Крафт скокна 131.5 и 132.5, а на второто место зад него заврши Јан Ерл со 1.4 бода помалку од лидерот. Третото место му припадна на Даниел Чофениг.
Лидер во генералниот пласман е Крафт со 0.6 бода пред Ерл и 1.3 повеќе од Чофениг.