Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс е сè поблиску до можно враќање на тениските терени.
Поранешната светска број еден и освојувачка на 23 грен слем титули повторно беше вклучена во програмата за допинг контрола кон крајот на 2025 година, што вообичаено претставува неопходен чекор за спортистите кои планираат камбек во професионалниот спорт.
Според информации објавени од специјализираниот портал „Tennis365“, 44-годишната Американка веќе извесно време интензивно тренира со цел повторно да се појави на турнирите од професионалниот тур.
Во меѓувреме се појавија и шпекулации дека таа би можела да се врати на теренот во конкуренција на двојки, заедно со својата сестра Винус Вилијамс. Двете сестри во текот на кариерата остварија извонредни резултати во оваа дисциплина и заедно освоија дури 14 титули на грен слем турнирите