Останати спортови сака да биде домаќин

Русија нема право на настап на Олимписките игри

Русија нема право на настап на Олимписките игри

Рускиот министер за спорт и претседател на Рускиот олимписки комитет, Михаил Дегтјарев, изјави дека Русија е подготвена да организира трети Олимписки игри.

Во интервју за ТАСС најави дека Москва повторно ќе поднесе кандидатури за организација на летните и зимските Олимписки игри.

Тој нагласи дека Русија веќе двапати покажала дека може да организира натпревари „на највисоко ниво“. Според него, земјата наскоро ќе ги обнови односите со Меѓународниот олимписки комитет (МОК), потенцирајќи го руското гостопримство и развиената инфраструктура.

„Луѓето сѐ уште се сеќаваат на Светското првенство во фудбал во Русија. Се сеќаваат колку Русија беше гостопримлива, како луѓето се забавуваа и навиваа во Москва, Екатеринбург, Казањ, Волгоград, Калининград и други градови“, рече Дегтјарев.

Според него, олимпиското движење треба да ги обединува луѓето и не треба да постојат никакви бојкоти.

„Во 1980 година нам ни објавија бојкот, а подоцна и ние бојкотиравме. Сето тоа беше погрешно, исто како што е погрешна и денешната дискриминација врз нашите спортисти врз основа на националност. Тоа треба да престане“, додаде тој.

To top