Најдобриот снукер играч на сите времиња Рони О’Саливен, по осми пат во кариерата е победник на шампионатот на Велика Британија. прв пат тоа на О’Саливен му успеа пред 30 години кога стана најмлад освојувач на овој турнир, а сега со трофејот е најстариот освојувач на еден од најважните снукер турнири.
Популарната Ракета го играше деветото финале и стигна до осмата титула, откако го победи Динг Јунхиу.
„Динг беше одличен во текот на целиот турнир. Тој најдобро ја контролира белата топка, како компјутер е. Тој е добар човек, неговите родители се прекрасни луѓе, едноставно тоа е прекрасна фамилија. Ми беше чест да играм со него во финалето. Уживам во играњето снукер, уживам во финалињата и освојувањата на трофеите“, рече О’Саливен по освојувањето на јубилејната 40-та голема титула на снукер турнирите.