Останати спортови

Ристовски со поддршка за Ѓуретановиќ: Чедата на Македонија се сакаат секогаш!

Ристовски со поддршка за Ѓуретановиќ: Чедата на Македонија се сакаат секогаш!

Македонскиот пливач 16-годишниот пливач Никола Ѓуретановски се најде на удар кај многумина поради неговиот настап во пливачката конкуренција на Олимписките Игри во Париз.

После неговите настап некои го критикуваа, некои му дадоа поддршка. Еден од оние кои даде огромна поддршка за младиот спортист е и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Македонија во Никола има пливачка надеж. Неискуството, тремата и можеби недоволната грижа од страна на државата си го направија своето. Резултатот можеби не е најдобриот меѓутоа Македонија и ние како нација мораме да си ги чуваме и негуваме нашите претставници. Затоа Никола главата горе и нека небото ти е лимит. А, јас те чекам по враќањето и лично да ти кажам дека јас и министерството секогаш ќе бидеме на страна на спортот и спортистите! Македонија и нејзините чеда се сакаат и кога победуваат и кога губат, истакна Ристовски за настапот на Ѓуретановиќ.

 

To top