Останати спортови

„Ред Бул“ би можел да му плати на Верстапен 70 милиони долари за да не се трка во Ф1 во 2027 година?!

„Ред Бул“ би можел да му плати на Верстапен 70 милиони долари за да не се трка во Ф1 во 2027 година?!

„Ред бул“ би можел да му понуди на Макс Верстапен да продолжи да го исплаќа неговиот договор вреден околу 70 милиони евра во 2027 година, доколку четирикратниот шампион сака да ја напушти Формула 1, со надеж дека ќе им се врати на тимот и на трките во 2028 година, објавуваат медиумите.

Ред Бул сега мора сериозно да размисли за ризикот 28-годишникот да сака да го раскине договорот на крајот од 2026 година, што тој може да го стори, ако се исполнат некои услови. Неговиот договор со „Ред бул“ е до 2028 година.

Верстапен за време на Големата награда на Јапонија изјави дека размислува за својата иднина во Ф1, сугерирајќи дека сака да се повлече.

Верстапен не би бил првиот возач од Ф1 што направил пауза. Фернандо Алонсо се повлече во 2019 и 2020 година, а Кими Раиконен исто така се тркаше на други натпревари во 2010 и 2011 година, пред да се врати во Ф1. Сепак, Мика Хакинен, исто така, зеде пауза во 2002 година и никогаш не се врати.

To top