Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за трката во Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Канада.
Британецот Расел беше најбрз во квалификациите постигна време од 1:12.000 минути, идентично време како и актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул, но пол-позицијата му припадна на Расел, бидејќи прв го постави најбрзото време.
Од вториот стартен ред ќе тргнат Мекларен – Ландо Норис и Оскар Пјастри. Трет е Норис со 0,021 секунди заостанување зад водечкиот двоец, а четврти е Пјастри со 0,103 секунди.
Петтото место го освои Даниел Рикиардо, шести е Фернандо Алонсо, додека Луис Хамилтон ќе стартува од седмата позиција. До десеттата позиција се и Јуки Цунода, Ленс Строл и Алекс Албон.
Големата награда на Канада е закажана за в недела во 20:00 часот.