Француската тенисерка Каролин Гарсија се пласираше денеска во второто коло на Австралија Опен, откако ја совлада Јапонката Наоми Осака со 6-4, 7-6.
Осака, која е четирикратна грен – слем шампионка, се врати на теренот на почетокот на оваа година на турнирот во Бризбејн, шест месеци по породувањето.
Во Бризбејн беше поразена во второто коло, а на првиот грен – слем турнир оваа сезона не успеа да ја мине првата пречка.
„Многу ја почитувам Наоми како личност и како тенисерка – 15 месеци беше отсутна. Многу ми е мило што се врати. Шест месеци по породувањето, а веќе игра прилично добро. Мораме да бидеме внимателни со неа“, рече Гарсија.
Француската тенисерка, рангирана на 19 место на ВТА листата, за противничка во второто коло ќе игра против Магдалена Френх. (МИА)