Останати спортови

Ралф Шумахер: За жал, животот некогаш не е фер

Ралф Шумахер: За жал, животот некогаш не е фер

Семејството Шумахер последните десетина години живее како во зона на самракот, поради тешката ситуација во која е седумкратниот Ф1 шампион.

По барање на семејството на Михаел, сите агенти „им откажаа послушност“ на медиумите и намерно не даваа никакви изјави или најави околу актуелната здравствена ситуација на „црвениот барон“, како популарно во минатото го нарекуваа објективните медиуми.

За Михаел десетина години скоро и да не се знае нешто. Понекогаш Жан Тод или некој друг близок до семејството ќе кажат два три збора и тоа е се. Генерално, информациите од таборот на семејството Шумахер се оскудни и фановите се скоро една деценија во недоумица што се случува зад параванот.

На тоа прашање Ралф Шумахер во последното соочување со медиумите, даде помалку емотивна изјава, со која меѓу редови порача дека Михаел не е повеќе тоа што беше и каков што го паметиме.

 За жал, понекогаш животот не е фер. Некои работи мора да ги прифатиме такви какви што се. Кога ги гледам децата на мојот брат, Џина-Марија и Мик, моето срце е полно и среќно. Јас им реков, секогаш им стојам на располагање за што и да им треба, за било каков совет во животот“, порача Ралф Шумахер.

Според некои неофицијални проценки на медиумите во Швајцарија и Германија, досегашното лекување и нега на Михаел Шумахер чини повеќе од 100 милиони долари.

foto:formula1.com

To top