Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и во иднина ќе го гледаме на тениските терени откако ја одложи одлуката да замине во пензија со изјава за шпанска „Марка“.
Легендарниот тенисер по поразот од Новак Ѓоковиќ на Летните олимписки игри во Париз откри дека наскоро ќе донесе одлука дали ќе замине во пензија, а две недели подоцна соопшти дека нема да брза со ставањето крај на големата кариера.
„Не сакам да брзам за мојата одлука“, кратко изјавил Надал.