Останати спортови

Рафаел Надал елиминиран во првото коло на Ролан Гарос

Рафаел Надал елиминиран во првото коло на Ролан Гарос

Рафаел Надал понуди добра борба и прикажа одлична игра во најголем дел од мечот со Александер Зверев, но сепак Германецот се покажа како преголем залак за Шпанецот на стартот на Ролан Гарос.

Мечот одеше во тек каков што замислуваше моментално подоброрангираниот тенисер и Саша имаше одговор за ударите на Надал во сите клучни фази од мечот, па после нешто повеќе од три часа игра, славеше со 6:3, 7:6 и 6:3.

Зверев стана само третиот играч кој го победил Рафа на Френч Опен, по Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ кој го има победено двапати.

To top