Познати се учесниците во финалните натпревари на годинашново државно првенство на Македонија во тенис во поединечна конкуренција.
Шендрит Деари и Стефан Мицов ќе играат во мечот за шампионската титула кај мажите, откако во полуфиналените мечеви ги победија своите ривали. Деари слееше над Димитар Грабул со 2-1 во сетови (64 36 63), а Мицов беше подобар од младиот Кристијан Јанев со 2-1 (26 62 61).
Во женските полуфинални мечеви Александра Симева ја победи актуелната шампонка Теона Андова со 2-0 во сетови (62 61) и се пласираше во своето петто финале.
Во второто полуфинале Ана Митевска (16 години) ја победи Моника Темкова со 2-0 во сетови (64 64). За Митевска ова ќе биде прво финале во кариерата.