Останати спортови

Познат е почетокот на ски-трките за Шарпланинскиот куп

Познат е почетокот на ски-трките за Шарпланинскиот куп

Најстарата македонска скијачка манифестација Шарпланински Куп, по 12 години пауза годинава повторно ќе се одржи во среда и четврток 26 и 27 февруари.

Во среда 26 февруари со почеток во 09:30 часот ќе се одржи првата трка во слалом за мажи, додека втората трка е со почеток од 12 часот. Наредниот ден, четврток 27 февруари со почеток во 09:00 часот ќе биде првата трка во слалом за жени, додека втора трка од 11:30 часот.

– Снежните падини на Попова Шапка ќе бидат сцена на возбудливи слаломски трки за мажи и жени. Натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар ќе се борат за престижната титула, соопшти Скијачката федерацијата на Македонија

Шарпланински куп се одржал за прв пат во 1947 година, а од 1954 е дел од календарот на Меѓународната скијачка федерација (FIS). На последниот куп во 2013 година победник бил Миха Кирнер од Словенија.

To top