Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се рехабилитира по повредата, па се очекува да настапи на турнирот во Индијан Велс.
Информацијата ја потврдија организаторите на Мастерс турнирот, а тоа за Надал ќе биде 16. настап на натпреварувањето.
Надал со ова ќе се приближи со рекордот по број на настапи кој го држат Фелисијано Лопез, Андре Агаси и Роџер Федерер, кои по 18 пати настапија на турнирот.
На турнирот се очекува да заигра и најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.