Останати спортови

Победа во Светскиот Куп на Швајцарката Корин Сутер

Победа во Светскиот Куп на Швајцарката Корин Сутер

Швајцарската скијачка Корин Сутер победи на женската спуст-трка од Светскиот куп, која се возеше на патеката во селото Солдеу, Андора.

Таа ја заврши трката со најбрзо време од 1:31,62 минути и триумфираше пред Нина Ортлиб, која заостана само 0,11 секунди, а трета беше Софија Гоџа, која доцнеше 0,24 секунди.

Ова е прва победа за Сутер во Светскиот Куп од декември 2022 година, кога славеше во супер‑велеслалом и претставува одличен „кам-бек“ по подолг период без големи успеси.

Нејзино најголемо остварување во кариерата беше златниот медал освоен на Зимските Олимписки игри кои се одржаа во Пекинг во 2022 година.

To top