Бразилскиот скијач Лукас Пинеиро Бротен триумфираше на велеслаломската трка од Светскиот куп што се одржа во Крањска Гора.
До победата стигна со вкупно време од 2:11,95 минути
Второто место му припадна на Швајцарецот Лоик Мејер, кој заостана 0,54 секунди зад победникот, додека трет заврши Австриецот Штефан Бренштајнер со задоцнување од 0.80 секунди.
Братен беше најбрз и во двете возења и сосема заслужено стигна до победата. За 25-годишниот скијач, кој претходно настапуваше за Норвешка, ова е седма победа во Светскиот куп и една од првите под бразилското знаме.
Во генералниот пласман на Светскиот куп и натаму води Швајцарецот Марко Одермат, додека Братен се наоѓа веднаш зад него. Натпреварувањето во Крањска Гора продолжува со трката во слалом.