Останати спортови

Петар Заборски и Данило Божовиќ се европски универзитетски прваци, Ангела Мојсовска освои бронза

Петар Заборски и Данило Божовиќ се европски универзитетски прваци, Ангела Мојсовска освои бронза

Македонската универзитетска карате репрезентација забележа одличен резултат на Европската универзијада во Мишколц, Унгарија.

Нашите каратисти Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг) извојуваа победи во финалните натпревари и ги освоија златните медали, додека Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг). Стефан Стојановиќ е петтопласиран.

Петар Заборски ја одбрани европската титула која ја имаше на минатата Европска Универзијада од Лоѓ, Полска, и, воедно стана еден од најтрофејните европски каратисти меѓу студенетите.

Данило Божовиќ исто така беше успешен во финалниот натпревар и освои златен медал, славејќи 1-0 против Словакот Томас Коса.

На Европската Универзијада учествуваа преку 5000 студенти, од 400 универзитети од 40 европски држави и се натпреваруваа во 18 спортови.

 

To top