Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, неодамна ја заврши успешната соработка со хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ, а по таква една одлука, се поставуваше само прашањето кој ќе биде следен негов тренер.
Пред мастерс турнирот во Рим, познато е и кој ќе го тренира српскиот тенисер, стнаува збор за Ненад Зимоњиќ, како што и се претпоставуваше дека ќе се случи.
Тој беше со Новак Ѓоковиќ и на турнирите во Индијан Велс и Монте Карло, а ќе го придружува и во Рим. За тоа сведочи и снимката од Рим, каде најдобро рангираниот тенисер одработи тренинг во друштво на Зимоњиќ.
Многумина тактизираа околу неколку имиња за нови тренери на српскиот ас, но сепак, Ѓоковиќ засега ќе спарингува со неговиот пријател и веројатно тренер, Зимоњиќ.