Трката за Големата награда на Казахстан, во рамките на Мото ГП шампионатот, која беше закажана за септември, е откажана поради логистички причини.
-Оперативните и логистичките проблеми што произлегоа од неодамнешните поплави во регионот, го оневозможија организирањето на настанот оваа година – соопшти Меѓународната мотоциклистичка федерација (ФИМ).
Трката во Казахстан ќе биде заменета со Големата награда на Емилија Ромања, која ќе се вози од 20 до 22 септември, на патеката „Мизано Марко Симончели“.
Така, Мизано ќе биде домаќин на две трки оваа година, бидејќи возачите ќе се натпреваруваат на оваа патека неколку недели претходно, во текот на Големата награда на Сан Марино.