Повторно е во центарот на вниманието на пошироката спортска јавност е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Српскиот ас делува дека е во солидна форма и прикажа одлична игра на стартот во Вимблдон но дел од медиумите и спортските експерти се сомневаат дека можно е да ја „лажирал“ операцијата на коленото и се чудат како може некој толку бргу да се рехабилитира после таков зафат.
Според информациите од Ѓоковиќ, операцијата била извршена на петти јуни, но некои луѓе навистина се сомневаат во вистинитоста на оваа информација и сметаат дека Србинот „одиграл тактички“ за да ја „омекне“ конкуренцијата на Грен-Слемот во Лондон.
Дел од српските медиуми ги окарактеризираа овие наводи како „одвратна кампања против Ѓоковиќ“, и пишуваат дека тој воопшто не „блефирал“, туку напорно работел на рехабилитацијата и затоа успеал да се оспособи за настап на Вимблдон.