Трикратната олимписка шампионка, пливачката Катинка Хосу од Унгарија, објави дека се повлекува од професионалното пливање.
– Објавувам крај на кариерата. Благодарност до сите што учествуваа во мојата кариера. Триесет години базенот ми беше дом, прибежиште каде наоѓав утеха и сила. Како што напредуваше мојата пливачка кариера, од љубопитно дете станав една од најуспешните пливачки во историјата. Гледајќи наназад, чувствувам огромно задоволство. Медалите и рекордите се бесценети, но најважно е мојата неуморна љубов кон пливањето, напиша Хосу на социјалните мрежи.
Пливачката исто така додаде дека во наредните години сака да ја сподели оваа страст со другите – да ги научи младите пливачи на магијата што ја пронашла во водата. За неа, пливањето е повеќе од спорт, тоа е доживотно патување исполнето со љубов, раст и стремеж кон извонредност.
Хосу (35) е 26-кратна светска шампионка и 35-кратна европска првенка. (МИА)