Женскиот одбојкарски тим на Работнички ги заврши европските настапи сезонава и тоа во првата елиминациска рунда во ЦЕВ Купот.
Нашите шампионки денеска беа поразени и на домашен терен од тимот на Алба Блај од Романија.
Гостинките во арената „Борис Трајковски“ денеска славеа во три сета со 14-25, 11-25 и 11-25. И на првиот натпревар во Романија Работнички загуби со максимални 3-0. Антонија Баталаковска со шест поени беше прв поентер, додека Ирма Ѓурѓевиќ и Андротеа Милевска постигнаа по четири поени.