Македонските одбојкари денеска ќе играат тренинг натпревар со Израел, а од утре до сабота ќе настапат на 48-то издание на меморијалот “Чајка” на којшто ќе ја зголемуваат самодовербата пред квалификациите за ЕП 2026.
Во тридневната програма во “Парк” во Струмица, покрај Израел, ќе гостува и Косово.
Селекторот Хари Наковски очекува Македонија да влезе во вистински ритам пред гостувањето во Грузија на 17-ти како прва постојка кон учеството на четврто европско по ред.
-Имаме уште две-три недели до важните натпревари, се надевам дека полека, но сигурно ќе дојдеме до посакуваната форма и резултат, истакна Наковски.