Италијанскиот тенисер Матео Беретини го откажа настапот на Австралија опен. Отказот на Беретини претставува изненадување особено што на крајот на годината успеа со репрезентацијата на Италија да го освои Дејвис купот.
Во првата рунда Беретини требаше да игра против домашниот тенисер Алекс де Минор, а неговото место ќе го заземе среќниот губитник Американецот Мекензи Мекдоналд.
Морам да се повлечам од Австралија опен. Уште имам проблеми со стомачните мускули. Едноставно сметам дека не сум подготвен за мечеви во пет сета, изјави Беретини.
Беретини лани прескокна неколку турнири, а на Вимблдон беше елиминиран на самиот старт и во моментов се наоѓа надвор од ТОП 50, односно на 56. то место на АТП ранг-листата.